„Удри ме“ е најновата песна на кумановецот Мартинијан Кириловски, музичко парче кое допира до самото срце и пренесува многу емоции.
Оваа песна, исполнета со емоционална тежина и впечатлив звук, зборува за љубовта што боли, за загубите што молчат и за моментите кога зборовите се задоцнети.
Музиката и аранжманот се дело на маестралниот Илија Ќосевски, а текстот на Весна Малинова.
Видеото, снимено низ неколку препознатливи локации во Скопје, е дело на режисерот Томислав Живковиќ.
Покрај Мартинијан, во спотот се појавува и моделот Ева Пауновиќ, дополнително збогатувајќи ја визуелната приказна.
„Удри ме“ е химна за сите кои некогаш сакале на погрешен начин.
Новата балада на Мартинијан можете да ја слушнете во продолжение: