Кик-боксерите на КБК „Претадатор“ денеска остварија прием со Градоначалникот Максим Димитриевски во просториите на Општина Куманово.
Повод за средбата се низата медали со кои спортистите се вратија од Европскиот куп на кој учествуваа во Сараево.
– На успешните спортисти им упатив честитки за наградите, што претставува уште поголем поттик за континуирано тренирање и напредок во оваа спортска дисциплина, вели Димитриевски.
Инаку КБК „Куманово“ се врати со седум медали, а има и нивниот член Наум Милановски е европски шампион.
Како членови на Кикбокс Маитаи Федерација на Македонија, им претстои и учество на Европскиот куп „Загреб опен” во Вараждин, Република Хрватска, кој ќе се одржи од 01 до 04 мај и на Светскиот куп во Будимпешта, Република Унгарија од 12 до 15 јуни 2025 година.
Никола Ивановски