ЕУ го паузираше одговорот на царините на Трамп на 90 дена

Сподели со своите пријатели

Европската унија (ЕУ) најави дека ќе го паузира воведувањето контрамерки против Соединетите Американски Држави (САД) на 90 дена за да им даде шанса на преговорите.

Loading...

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека ЕУ сака да избегне понатамошна ескалација и да отвори простор за дискусија, пренесува SEEbiz.

„Додека го финализираме усвојувањето на контрамерките кои добија силна поддршка од земјите-членки, решивме да ги ставиме во мирување 90 дена“, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека контрамерките ќе стапат на сила доколку преговорите не бидат задоволителни.

Подготвителната работа за дополнителни мерки против САД се уште е во тек.

На „Денот на ослободувањето“, Трамп воведе царина од 20 отсто за увоз од ЕУ.

Како одговор, ЕУ подготви контратарифи од 25 отсто за широк спектар на американски производи, вклучувајќи бадеми, сок од портокал, живина, соја, челик и алуминиум, тутун и луксузни јахти.

Во средата, Трамп ги суспендираше тие царини на 90 дена.

Loading...