Наум Милановски од Куманово е европски шампион во кик-бокс (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Седумнаесетгодишниот Наум Милановски од Куманово стана европски шампион во кик-бокс на Европскиот куп што викендов се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

Loading...

 

 

Милановски настапи како претставник на својот клуб КБК Предатор во катеторијата јуниори до 79 килограми.

До златниот медал Милановски стигна преку две добиени борби , а освен европски првак за 2025, тој е и државен првак на Македонија во две дисциплини.

КБК Предатор учествуваше со 13 борци и оствари неверојатни резултати. Освен европски првак, има и тројца европски вицешампиони.

 

Loading...

 

Со сребрени медали и тутула вицешампион од турнирот се враќаат Данило Методиевски, Анастасија Денковска и Борјан Арсовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Велики Петок: Најтажниот ден во христијанството!

 

 

Методиевски исто така имаше две победи, но во финале загуби поради здобиена повреда.

 

Loading...

 

Бронзени медали освоија Андреа Георгиевска, Андреј Тоневски и Павел Божиновски.

 

 

Одлични борби имаат и останатите учесници кои не освоија медали, а меѓу нив се: Теодор Ристевски, Нина Денковска, Димитар Давитковски, Петар Станковски, Христијан Ѓоргиевски и Парис Златановски.

 

Loading...

 

Кик-боксерите настапија под менторство на тренерите Оливер Милорадовски, Јован Крстевски, Оливера Свилар и Стефан Ристовски.

 

 

Loading...

Европскиот кик-бокс клуб се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина од 3ти до 6ти април, во силна конкуренција, а Македонија имаше повеќе претставници предводени од претседателот на Кик-бокс федерацијата Дејан Митровски Урко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Какво време ќе имаме за Велигден?

Никола Ивановски