Нетанјаху и Трамп денеска во Белата куќа

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, а главна тема на разговорот ќе бидат новите царини што САД му ги воведоа на Израел, соопштија од кабинетот на Нетанјаху.

Loading...

Двајцата лидери, исто така, се очекува да разговараат за заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас, потенцијалните тензии меѓу Израел и Турција во Сирија и напорите за одвраќање на Иран.

Министерот за стратешки прашања Рон Дермер, исто така, отпатува за Вашингтон и ќе учествува на состаноци со високи претставници на Белата куќа, потврди за „Тајмс оф Израел“ член на придружбата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Илон Маск се сврте против Трамп поради царините? (ВИДЕО)

Нетанјаху се очекува да се сретне со Трамп, специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток Стив Виткоф и министерот за трговија Хауард Лутник, изјави висок израелски функционер.

Пред средбата Нетанјаху-Трамп, Здружението на израелски производители објави анализа во која предупредува на огромен потенцијален удар врз економијата од новите американски царини.

Според документот, израелскиот извоз во САД ќе биде погоден со царини од 2,3 милијарди долари (2,1 милијарди евра), што потенцијално би довело до губење на работни места за повеќе од 20.000 луѓе, пренесува Танјуг.