Три ноќни клубови во Куманово имаат активни лиценци за работа како кабаре, издадени од Министерството за економија.
Ресорното министерство го обнови регистарот на својата веб страница по критиките и информациите дека огромен број ноќни клубови работат без лиценци.
Она што може да се види е дека три угостителски објекти од Куманово имаат активни лиценци за кабаре, што значи дека може да работат и по полноќ.
Клубвите „Спејс“ и „„Енигма“ добиле лиценца на ист ден, последен пат издадена на 27 ноември 2024 година, додека во февруари годинава лиценца е издадена и на угостителски објект на улица „Ленинова“, во регистарот запишан како „Дарк“, но меѓу кумановци познат како поранешен „Тунел“.
Лиценците имаат важност една година, по што мора да се побара нивна обнова.
За еден угостителски објект да добие лиценца за ноќен клуб, диско-клуб или за кабаре треба да исполни повеќе технички услови за тоа колку отворен простор да има по посетител, каков мебел и опрема може да се користи во него, каква сцена за настапи и многу друго.
Меѓу условите се и правилата за противпожарна заштита, како минималните висини, опремата за гаснење пожар и резервните излези што секој таков објект мора да ги има.
Никола Ивановски