Повредени полицајци при обид да сопрат шверцер на мигранти од Липково

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишник од липковско Слупчане бегајќи со мигранти, удрил во полициско „јети“ при што се повредени двајца полицајци.

Loading...

– На 17.03.2025 во 22.10 часот, полициски службеници го привеле Н.А.(25) од с.Слупчане, општина Липково, затоа што со патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки удрил во паркирано патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, со кое полициски службеници се обиделе да го сопрат по претходно добиени сознанија дека превезува мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, како што информираат од полицијата, со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Општата болница во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три клубови во Куманово имаат лиценци за работа

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, а во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Непал.

– По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Никола Ивановски