Шест лица, од кои четворица полициски службеници, биле повредени вчера при судир на „пасат“ и „голд“ во Куманово.
– На 13.03.2025 во 19.34 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Благој Илиев Гуне“ и „Страшко Симонов“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ.(38) од Куманово и патничко моторно возило „голф“ сопственост на МВР, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во незгодата, како што појаснуваат од СВР Куманово, со телесни повреди се здобиле возачот Љ.Љ. и неговиот сопатник Б.А.(45) и четири полициски службеници од возилото на МВР.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски