Авион по грешка фрлил бомби за време на вежба, повредени најмалку седум цивили

Сподели со своите пријатели

Најмалку седум цивили се повредени кога јужнокорејски борбен авион по грешка фрлил бомби за време на вежба, соопшти јужнокорејската војска.

Loading...

„Авион КФ-16 по грешка исфрли осум бомби МК-82 кои експлодираа надвор од предвидениот периметар“, се вели во соопштението.

Инцидентот се случил утринава околу 10 часот по локално време во Почеон, на северот на Јужна Кореја и на околу 25 километри јужно од демаркационата линија со Северна Кореја.

Новинската агенција Јонхап објави дека Јужна Кореја денеска спроведува „вежби со САД во Почеон“.

Јонхап јавува дека четири лица се тешко повредени, а тројца се полесно повредени и дека е причинета материјална штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Популарен пејач во Иран осуден на 74 удари со камшик оти се залагал за жените во песна