Приведен кумановец кој возел мотор со 1,8 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако полицијата констатирала дека возел мотор под дејство на алкохол.

– На 06.10.2026 во 22: 43 на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.А.(47) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај бил запрен мотоцикл, при што било констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,88 промили алкохол во крвта.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Мали гласови, големи емоции“ – фестивал за најмладите таленти во Куманово

Никола Ивановски