Стравот од чума расте: Три земји воведоа мерки, Трамп закажа разговор со Путин

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговори на мистериозната смрт на вработенa во институт за истражување на чума во Сибир од пневмонија од непозната причина, велејќи дека договорил средба со рускиот претседател Владимир Путин и дека ќе разговара за случајот „многу наскоро“.

Кога беше прашан што вели американската разузнавачка заедница за случајот, Трамп рече дека Соединетите Американски Држави водат „многу сериозни дискусии“ на оваа тема, пренесува Танјуг.

Казахстан, Киргистан и Узбекистан одделно воведоа превентивни мерки на границите за да се спречи евентуалното ширење на заразни болести.

Што вели СЗО?

Ризикот од епидемија на чума во Русија е низок по смртта на лабораториски техничар во Иркутск, објави Светската здравствена организација (СЗО).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарија: Нападот со дронови врз два брода е сериозно кршење на меѓународното право

„СЗО не откри никакви знаци на понатамошно ширење на инфекцијата откако Дарија Шипилова почина минатата недела. Ризикот од епидемија во Русија е низок по ненадејната смрт на лабораториски техничар која работела во институт за истражување на чума во Сибир“, според соопштението на СЗО, пренесува „Гардијан“.

Дарија Шипилова, која имаше 28 години, почина минатата недела, два дена откако се разболе, а руските медиуми сугерираа дека можеби била заразена по инцидент на нејзиното работно место, каде што се складираат и проучуваат опасни патогени.

Руските власти го минимизираа инцидентот и изјавија дека Шипилова починала од „пневмонија со непозната етиологија“, но во истражувачкиот центар во градот Иркутск, како и во неколку соседни болници, беа воведени строги мерки за карантин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученичките протестите во Франција ескалираа: Трамп ги обвинува исламот и мигрантите

Кристијан Линдмаер, портпарол на СЗО, во вторникот изјави дека нема знаци на поширока епидемија.

„Сите контакти на пациентката се идентификувани и нивната здравствена состојба се следи, но никој досега не покажал симптоми на болеста“, рече тој.

Кој е здравствениот ризик?

Руските власти сè уште истражуваат дали вирусната пневмонична чума била причина за смртта на Шипилова, но СЗО го оцени здравствениот ризик како „умерен до низок“ за Иркутск, „низок“ за остатокот од Русија и „многу низок“ за Европа, рече тој.

Дарија Шипилова (28), која работеше во истражувачки институт, скршила епрувета со патогенот на пневмонична чума на 25 септември, објавија претходно локалните медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Смртта во руска лабораторија потсети на застрашувачко сценарио од книга: Што ако чумата излезе од контрола?

Потоа Шипилова била примена во болница на 29 септември со симптоми на тешка пневмонија и починала во ноќта помеѓу 1 и 2 октомври.

Руските власти соопштија дека не пронашле докази дека нејзината болест е предизвикана од некој од патогените со кои работела и рекоа дека ситуацијата е под контрола.

Болницата каде што била лекувана работничката била ставена во карантин, додека околу 200 лица кои биле во контакт со неа биле подложени на строг медицински надзор.