24-годишен кумановец починал на клиника во Скопје

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец вчера починал на клиника во Скопје, откако таму бил однесен поради влошена здравствена состојба.

Loading...

– На 03.03.2025 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ починал Т.К.(24) од Куманово. Според пријавеното, тој бил хоспитализиран на 24.02.2025 поради влошена здравствена состојба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривични за полицајци од Куманово за злоупотреба на службена положба