Израел: Петмина повредени во терористички напад во Хаифа

Сподели со своите пријатели

Во терористички напад во Хаифа денеска загина маж на возраст од околу 70 години, додека уште четири лица се тешко повредени, соопштија од градската служба за итни случаи.

Loading...

Службата за итна помош „Маген Дејвид Адом“ објави дека во истиот напад тешко се ранети тинејџер и маж и жена на возраст од 30 години, како и една жена на 70-годишна возраст која е во умерено тешка состојба, објави „Тајмс оф Израел“.

Според медиумите, нападот го извршиле двајца напаѓачи, од кои едниот отворил оган додека другиот ги избодел минувачите.

Шефот на израелската полиција Даниел Леви изјави дека полицијата се уште се обидува да го потврди идентитетот на напаѓачот кој утринава го изврши терористичкиот напад во Хаифа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас: Не се согласуваме со продолжување на првата фаза од примирјето во Газа.

„Идентитетот на елиминираниот терорист се уште не е јасен. Ја скенираме областа за да го исклучиме присуството на дополнителни напаѓачи“, рече Леви во изјавата по обиколката на местото на нападот.

Повредените се пренесени во медицинскиот центар Рамбам на северот од градот.