Хамас ја отфрли израелската „формулација“ за продолжување на првата фаза од примирјето во Газа

Сподели со своите пријатели

Хамас ја отфрли израелската „формулација“ за продолжување на првата фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа, соопшти денеска милитантната група, на последниот ден од претходно договорената прва фаза.

Loading...

Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, исто така за телевизијата Ал Араби изјави дека во моментов нема разговори со групата за втората фаза од прекинот на огнот во Газа, јавува Ројтерс, пренесува Танјуг.

Два египетски извори во петокот рекоа дека Израел бара продолжување на првата фаза за дополнителни 42 дена.

Двајца израелски владини претставници потврдија за Ројтерс дека Израел сака да ја продолжи почетната фаза, при што Хамас ослободува по тројца заложници секоја недела во замена за Палестинците во израелските затвори.