Деветта година по ред во Јапонија се родиле рекордно малку деца

Сподели со своите пријатели

Деветта година по ред во Јапонија се родиле рекордно низок број деца, соопшти јапонското Министерство за здравство, наведувајќи дека се родени 720.988 деца.

Loading...

Бројот на новороденчиња е намален за пет отсто во споредба со 2023 година, а починале рекордни 1,62 милиони луѓе, што значи дека на секое новородено дете починале повеќе од две лица.

Според Ројтерс, падот на наталитетот се должи на намалениот број на нови бракови, особено по пандемијата COVID-19.

„Таквиот тренд би можел да продолжи и во 2025 година“, вели Такуми Фуџинами, економист од Јапонскиот истражувачки институт.

„Влијанието би можело да опстои до 2025 година“, рече Фуџинами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Усвоено: Романија може да ги собори сите дронови кои илегално влегуваат во земјата

За разлика од некои западни земји, само неколку од 100 бебиња во Јапонија се раѓаат вонбрачно, што укажува на посилна корелација помеѓу браковите и раѓањата, наведува агенцијата.

Според најновите податоци, просечниот број на бебиња се очекува да има една жена во Јапонија бил 1,2 во 2023 година.