Руската војска синоќа собори 128 украински дронови над неколку руски региони, вклучително и анектираниот Крим, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Loading...
Воздушната одбрана пресретна и уништи 83 над Краснодарската област, во југозападна Русија и 30 над полуостровот Крим, кој беше анектиран во 2014 година, се вели во соопштението.
Мета на напади со беспилотни летала беа и руските региони Брјанск и Курск, на границата со Украина.
Нема информации дека е предизвикана штета од соборените дронови.
Киев ги засили воздушните напади врз енергетските и воените објекти на руска територија во последните месеци, како одговор на бомбардирањето на украинските градови и енергетските мрежи од февруари 2022 година.