Фотоапарат и компјутер за игри запленети на Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Фотоапарат и компјутер за видео игри вредни околу 5.000 евра, биле запленети на Граничниот премин Табановце во текот на изминатата недела.

Loading...

– Фотоапарат SONY A7III со објектив SONY FE24 MM F1.8GM и компјутер за видео-игри AORUS, со вкупна вредност од 345 илјади денари, се пронајдени на задното седиште на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце, информираат од Царинската управа на Македонија.

Лицето, како што додаваат од Царина, сакало да ги шверцува во државата без да плати давачки во износ од 57 илјади денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Осум лица лани загинале во сообраќајки во Куманово

– Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски