Изложбата на фотографии под наслово „Напуштени храмови“ на Стефан Шишков вчеравечер беше отворена во галеријата на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
[huge_it_gallery id=”393″]
Посетителите во следните 10 дена ќе имаат можност да уживаат во она што објективот на Шишков го забележал во велешкиот крај при неговата посета на неколку храмови што за него било доста инспиративно за творење.
Сите овие фотографии се направени во велешкиот крај, освен една во црно бела техника која е направена во Маврово – рече Шишков.