Трамп му понуди на Зеленски нов договор за минерали: „Престани да навредуваш и потпиши“

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на Доналд Трамп ѝ понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини меѓу двете земји, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го налути Трамп со тоа што го отфрли неговиот првичен предлог, изјавија за Аксиос еден украински функционер, американски функционер и тројца извори запознаени со ова прашање.

Loading...

Несогласувањата околу договорот за минерали меѓу САД и Украина доведоа до тензии во односите меѓу двете земји.

Трамп го нарече Зеленски „диктатор“ кој избра војна со Русија, додека Зеленски го обвини Трамп дека прифаќа руска пропаганда.

Извори од двете страни сега велат дека договорот изгледа поверојатен.

Претставници на Белата куќа рекоа дека побарале од Зеленски да престане да го навредува Трамп и да потпише ажуриран договор за предавање природни ресурси во вредност од 500 милијарди долари на САД за да се избегне понатамошен конфликт и да му се дозволи на американскиот претседател да ја оправда американската поддршка за Украина.

Советникот за национална безбедност на САД, Мајк Волц, им рече на новинарите дека Трамп е „очигледно многу фрустриран од Зеленски“ што не го прифатил договорот.

По средбата со Келог, Зеленски на платформата Х рече дека Украина мора „да се погрижи мирот да биде цврст и траен – за Русија никогаш да не може да се врати со војна.

„Украина е подготвена за силен, ефективен договор за инвестиции и безбедност со американскиот претседател. Генерал Келог, средба која ја враќа надежта. Потребни ни се силни договори кои всушност ќе функционираат. Дадов инструкции да се работи брзо и на многу, многу еднаков начин. Важни се деталите од договорот. Колку подобро се разработени деталите, толку е подобар резултатот“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Loading...