Кина поднесе жалба до Австралија поради наводниот намерен упад на кинескиот воздушен простор од страна на воен авион, соопшти утринава кинеското Министерство за надворешни работи.
Портпаролот на кинеското министерство Гуо Џиакун на прес-конференција изјави дека Австралија ја „загрозила“ кинеската национална безбедност, а кинеската страна презела соодветни правни мерки, пренесе Ројтерс.
Во исто време, Австралија изрази загриженост до Пекинг поради, како што го нарече, „небезбедно и непрофесионално“ однесување на кинески борбен авион кон австралиската поморска патрола во Јужното Кинеско Море во вторникот.
Австралискиот министер за одбрана Ричард Марлес утринава изјави дека кинески борбен авион истрелал проектили што му се заканувале на австралиски воен авион за надзор, пренесе АП.
Марлс рече дека проектилите поминале на 30 метри од надзорниот авион П-8 Посејдон во меѓународниот воздушен простор.
„Авионот не е оштетен и ниту еден член на екипажот не е повреден“, рече Марлес, пренесува Танјуг.