Најмалку едно лице загина денеска во обид за самоубиствен бомбашки напад во Кабул, соопшти портпаролот на МВР.
Loading...
Бомбашот се обидел да влезе во зградата на Министерството за урбан развој.
Припадник на безбедносните сили отворил оган и го активирал експлозивот што го носел бомбашот самоубиец.
Во експлозијата загина едно лице кое се наоѓало во близина, а тројца се повредени, изјави портпаролот.