Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека секој мировен договор за Украина мора да биде траен и дека Киев мора да биде вклучен во сите разговори за тоа.
„Клучно е каков и да е исходот од преговорите, тој да биде траен и издржлив“, им рече Руте на новинарите во Брисел пред самитот на министрите за одбрана на НАТО.
Тој, исто така, рече дека е клучно Украина да биде вклучена во сè што се однесува на неа, пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за итен почеток на преговори за ставање крај на војната.
Европските лидери порачаа дека и Украина и Европа мора да бидат вклучени во изнаоѓањето мирно решение, пренесува Танјуг.