Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави и каде

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија, откако во претходниот телефонски разговор се договориле да започнат итни разговори за ставање крај на војната во Украина.

Loading...

„Ќе се сретнеме во Саудиска Арабија“, им рекол Трамп на новинарите во Белата куќа, пренесува Index.hr.

Покрај разговорите со Путин, Трамп во средата разговараше и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во долгата објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп рече дека тој и Путин „се договориле нивните преговарачки тимови веднаш да започнат преговори“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хегсет: Иницијативата на Трамп не е предавство на Украина

Кремљ соопшти дека Трамп и Путин разговарале околу час и половина и се договориле да се сретнат.

Руската новинска агенција ТАСС објави дека Путин го поканил Трамп да ја посети Москва.

Во својата изјава, републиканецот зборуваше за „долг и многу продуктивен“ разговор со неговиот руски колега на тема „Украина, Блискиот Исток, енергијата, вештачката интелигенција, јачината на доларот и разни други теми“.

По неговиот разговор со украинскиот претседател, Трамп на Truth Social напиша дека Зеленски сака да „склучи мир“.

Loading...

„Разговорот помина многу добро. Тој, како и претседателот Путин, сака да постигне МИР“, напиша тој.

Кабинетот на Зеленски тогаш објави дека тој и Трамп разговарале околу еден час, а самиот украински претседател напиша на Твитер дека разговарал со Трамп за „можностите за постигнување мир“, „нашата подготвеност да работиме заедно… и технолошките способности на Украина… вклучувајќи беспилотни летала и други напредни индустрии“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стигнаа првите реакции на Украина за договорот Трамп – Путин

Трамп подоцна рече дека не мисли дека е практично Украина да се приклучи на НАТО и дека земјата најверојатно нема да ја врати целата своја територија.

Руските медиуми претходно шпекулираа дека двајцата лидери би можеле да се сретнат во трета земја, спомнувајќи ги Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.