Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу -6 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 7 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме сончево и стабилно време, со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шест степени под нулата, а максималната дневна ќе достигне 7 степени целзиусови.
Среда носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југозапад, а температурата ќе се движи од минимални -1 до максимални 6 степени целзиусови.
Претежно сончево со мала облачност ќе биде времето во четврток. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен, а максималната дневна ќе достигне 7 степени целзиусови.
Во петок ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 2 до максимални 10 степени целзиусови.
Сончево време со мала облачност ќе имаме во сабота, во комбинација со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи околу три степени, а максималната ќе достигне 11 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Температурата ќе се движи од минимални -1 до максимални 7 степени целзиусови.
Слично време ќе се задржи и во првата половина од следната работна недела, додека втората половина ќе донесе врнежи од дожд.
Никола Ивановски