Вкупно 168 случаи на грип биле регистрирани во текот на изминатата недела на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово.
Како што информираат од Институтот за јавно здравје, во текот на 5-та недела од 2025 година (27.01-02.02.2025), во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, односно за 61,7% повеќе во споредба со претходната недела.
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 5-та недела од минатата сезона е зголемен за 83,7%, а во споредба со бројот за 5-та недела од типичната епидемиска крива.
Во однос на возрасната дистрибуција, 1.650 лица се на возраст од 15-64 години, 720 кај деца на возраст од 5-14 години, 412 кај деца на возраст од 0-4 години и 254 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.
Највисока инциденца (426,9/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години, а кај децата од 5-14 години инциденцата изнесува 335,2/100.00.
Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 978, Кавадарци – 327, Струмица – 320, Куманово – 168, Охрид – 156, Битола – 143, Штип – 103, а во останатите, бројот на заболени е ≤100.
– Во 4 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во 6 – сезонска, во 9 – средна, во пет – висока, а во пет (Ресен, Кавадарци, Кратово, Свети Николе, Струмица) – многу висока активност на вирусот на грип, велат од ИЈЗ.
Никола Ивановски