Над 270 ученици дел од државното првенство во пливање во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градскиот базен во Куманово денеска е домаќин на државното првенство во пливање за ученици од основните и средните училишта, на кое учествуваат над 270 натпреварувачи од целата држава.

Првенството е организирано од Федерацијата на училишен спорт на Македонија, во соработка со Општинскиот сојуз на училишен спорт, а свеченото отворање го направи градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

 

 

Учениците се натпреваруваат во три возрасни категории – до петто одделение, од шесто до деветто одделение и ученици од средните училишта.

Пливачките вештини ги покажуваат во четири дисциплини: краул, грбно, прсно и делфин, во машка и женска конкуренција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово ќе биде отворена изложбата „Кумановски графичари 2026“

 

 

Најуспешните натпреварувачи ќе бидат наградени со медали и дипломи, а на отворањето се обрати и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска.

 

 

Димитриевски истакна дека му претставува чест што Куманово е домаќин на ваков спортски настан, кој ги поттикнува спортскиот дух и развојот на талентите кај младите, а воедно ги промовира здравите животни навики.

 

 

Од Општина Куманово посочуваат дека продолжуваат со поддршка на спортот, младите таленти и афирмацијата на училишниот спорт.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет домаќинства од Куманово добија награди за мерки за енергетска ефикасност (ФОТО)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски