Земјотрес ја уништи една од најпознатите плажи на Санторини (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Серијата земјотреси што ги погодија Санторини и блиските грчки острови во последните денови доведоа до лизгање на земјиштето на една од најпознатите плажи, Црвената плажа.

Loading...

Црвената плажа, позната по впечатливиот црвен песок и вулканските карпи, сега е затворена.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат одрони и карпи кои паѓаат по карпите, пренесува Индекс.

 

 

 

До Црвената плажа, до која претходно можеше да се стигне од археолошкиот локалитет Акротири, сега е достапна само со брод.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санторини: Околу 20 земјотреси над 4 степени во текот на ноќта

Вака изгледала плажата пред земјотресот.

 

 

Потресите продолжуваат, а властите ги повикуваат жителите и посетителите да останат внимателни, стравувајќи од натамошни прекини во наредните денови.