Црногорка ограбила 70-годишна кумановка

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишна жена од Црна Гора била приведена под сомнение дека украла пари од 70-годишна кумановка.

Loading...

– На 04.02.2025 во 21.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.С.(43) од Црна Гора, со престој во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа се сомничи дека на 03.02.2025 одзела пари од В.М.(70) од Куманово.

– С.С. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инцидент кај Серава: Непознат маж повлекол малолетно девојче