Шест илјади луѓе го напуштија Санторини, кој се уште се тресе

Сподели со своите пријатели

Речиси шест илјади луѓе го напуштија Санторини во последните 48 часа поради потресите што продолжуваат да го погодуваат грчкиот туристички остров, како и соседниот Аморгос, објавија во вторник грчките власти.

Loading...

Околу 4.640 патници се качија на четири фериботи кои го напуштија светски познатиот вулкански остров од неделата, според податоците што во вторникот ги дадоа на АФП од грчката крајбрежна стража.

Грчката авиокомпанија Aegean Airlines објави дека во понеделникот превезла 1.294 патници од Санторини до Атина, со вкупно девет летови, од кои пет нередовни, пренесува Хина.

Два ферибота треба да тргнат од Санторини во текот на денот за Пиреја, главното пристаниште во близина на Атина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не престануваат земјотресите на Санторини

Aegean Airlines планира осум летови во вторник со „вкупен капацитет од повеќе од 1.400 седишта“ и во соопштението се вели дека се уште има слободни места.

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер е регистриран во вторникот околу 04:45 часот по локално време во Егејското Море, на околу 31 километар од Санторини, соопшти Геодинамичкиот институт на Атинската опсерваторија.

Наскоро, истото подрачје го погоди нов земјотрес со јачина од 4,7 степени.

Регистрирани се и други помали земјотреси, а грчките научници предупредија дека сеизмичката активност, која е зголемена од саботата, може да трае со недели.

Loading...