И утре без струја делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови на Куманово и утре ќе бидат привремено без напојување со електрична енергија во текот на денот.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, утре во период од 10:00 до 14:00 часот прекини ќе има на дел од улицата „Ѓорче Петров“ во населбата Перо Чичо, поточно делот околу компанијата „Екстра меин“.

Во период од 07:45 до 10:00 часот, утре без напојување со електрична енергија ќе бидат објектите на улиците „Борис Кидрич“, „Карл Маркс“, „Пробиштипска“, „Димитрије Туцовиќ“ и „Киро Фетак“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дострибутивната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 700.000 денари за КУД „Бајрам Шабани“, за „Панче Пешев“ 500.000 денари

Никола Ивановски