Лидерите на ЕУ бараат одговори на три прашања во врска со одбранбената политика

Сподели со своите пријатели

Лидерите на ЕУ се собраа во понеделник на неформален состанок посветен исклучиво на одбраната за прв пат.

„Мојата намера со овој собир е да имаме искрена, отворена и слободна дискусија за три главни прашања: кои се приоритетите што треба да ги развиеме на заеднички начин, како да ги обезбедиме потребните финансии и трето како да ги зајакнеме нашите постоечки партнерства- изјави Антонио Кошта пред почетокот на собирот.

Кошта рече дека денешната дебата треба да резултира со обезбедување политички насоки на Комисијата и на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика за Белата книга што треба да биде претставена во март и да го отвори патот за донесување одлуки во наредните месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  450.000 луѓе би можеле да умрат поради феноменот Ел Нињо, а овие земји се најранливи

На ручекот на лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе им се придружи генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а на работната вечера британскиот премиер Кеис Стармер.

Ова е прв собир на лидерите на ЕУ посветен исклучиво на одбраната и прв откако Доналд Трамп ја презеде функцијата претседател на САД.

Трамп бара од европските членки на ЕУ да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 отсто од БДП, што за повеќето од нив е неостварливо со оглед на нивната фискална ситуација.

Американскиот претседател најави и воведување царини за Европската унија и бара Данска да му го предаде Гренланд.

Пред неформалниот собир, лидерите на осум земји – Естонија, Латвија, Литванија, Шведска, Финска, Данска, Полска и Ирска се состанаа за да координираат заеднички став.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Воено-биолошките активности на голем број земји покренуваат сериозни прашања

Ова се земјите кои најмногу се залагаат за воена помош за Украина и остри санкции против Русија.