Се запали моторот на патнички авион во САД при полетување

Сподели со своите пријатели

Летот 1382 на Јунајтед ерлајнс не полета од пистата на интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон бидејќи избувна пожар во моторот на авионот непосредно пред полетувањето, објави Њујорк пост.

Loading...

Авионот го прекина полетувањето поради пријавен „проблем со моторот“, се вели во соопштението на американската Федерална управа за авијација (ФАА).

Членовите на екипажот и 104 патници мораа да се спуштат преку помошна лизгалка и брзо да стигнат до пистата, каде што ги пречекаа автобуси и ги вратија во зградата на аеродромот, додаде ФАА.

На патничките видеа што може да се видат на социјалните мрежи, повеќе од 100 патници се вознемириле кога го виделе пожарот непосредно пред полетувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Калас: Кина ќе се смее од страна ако САД и Европа започнат трговска војна

Се работи за авион Ербас А320, кој требаше да полета за Њујорк.