Израелската армија урна 23 згради во бегалски камп (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека урнала 23 згради во бегалскиот камп Џенин на Западниот Брег, кои наводно биле користени од терористи.

Loading...

Снимката покажува серија симултани експлозии во густо населениот бегалски камп Џенин и густи облаци чад, пишува Тајмс оф Израел.

ИДФ објави дека извршила истражување на стотици згради во Џенин, при што биле лоцирани лаборатории за производство на бомби, магацини за оружје и командни центри, пренесува Танјуг.

Директорот на државната болница Џенин, Висам Бајкер, за палестинската новинска агенција ВАФА изјави дека дел од болницата е оштетен во израелските напади, но нема жртви, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Палестинскиот претседател повика на итна седница на ОН

Џенин е дом на бегалски камп во кој живеат голем број потомци на Палестинците кои беа протерани или побегнаа од своите домови за време на војната во 1948 година со која беше основана државата Израел.