Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека секретаријатот на УНЕСКО, предводен од генералниот директор Одри Азулеј, ги поддржува интересите на оние кои сакаат да ѝ нанесат „стратешки пораз“ на Русија.
Лавров истакна дека УНЕСКО „игра во рацете“ на Киев и неговите западни сојузници и дека секретаријатот молчи за уништувањето на руските културни споменици во Украина и балтичките земји, пренесе ТАШ.
На состанокот на руската комисија за УНЕСКО, Лавров ја критикуваше политиката на УНЕСКО, укажувајќи дека организацијата се повеќе станува „алатка“ на западните земји кои сакаат да ја „украинизираат“ својата агенда.
Тој истакна дека политизирањето на активностите на УНЕСКО продолжува и покрај кршењето на основните принципи на организацијата и најави дека одлуките против Русија, како оние за Крим, се многу надвор од јурисдикција на УНЕСКО.
Лавров додаде дека изминатата година била тешка, не само за Русија, туку и за меѓународните организации како УНЕСКО, истакнувајќи дека нема илузии за моменталната ситуација во таа организација.
Тој, исто така, ги осуди двојните стандарди во одлучувањето во врска со Русија.