Пронајден еден од најбараните криминалци во Европа. Снимен на маса!

Сподели со своите пријатели

Еден од најбараните мажи во Европа, холандскиот криминалец Јос Лејдекерс, се крие во Сиера Леоне, според холандското обвинителство.

Loading...

Оваа изјава дојде откако холандските медиуми објавија снимка на која наводно се гледа шверцерот на дрога на новогодишна миса, каде што седел во близина на претседателското семејство во Сиера Леоне.

Канцеларијата за информации во Сиера Леоне соопшти дека ги истражува наводите дека Лејдекерс уживал заштита на високо ниво.

Бројни пресуди

Лејдекерс, кој е на листата на најбарани Холандија и Европол, во јуни минатата година во судот во Ротердам беше осуден во отсуство на 24 години затвор за шверц на шест пратки кокаин со вкупна тежина од 7.000 килограми, вооружен грабеж во Финска и наредба за убиство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар во најстариот луксузен хотел во Швајцарија

Во септември минатата година, белгискиот суд го осуди на 10 години затвор за трговија со дрога и насилство.

Холандската полиција го поврзува и со исчезнувањето и сомнителните мачења и убиство на Наиме Џилал, жена која исчезна во Амстердам во 2019 година.

Холандските новинари открија дека 33-годишниот Лејдекерс се крие во Сиера Леоне и објавија видео на кое, како што тврдат, се гледа на миса, како седи два реда зад претседателот на Сиера Леоне, Јулиус Маада Био.

Ројтерс, кој ја потврди автентичноста на снимката, објави дека Лејдекерс седи покрај жена за која се вели дека е ќерката на претседателот, Агнес.

Loading...

Холандското обвинителство не ги потврди овие тврдења.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес го погоди Тајван

Во соопштението на Министерството за информации на Сиера Леоне се вели дека полицијата на земјата е подготвена да соработува со холандските власти, Интерпол и другите меѓународни агенции за спроведување на законот.

Министерството, исто така, изјави дека претседателот Био присуствувал на бројни семејни собири за време на празниците и „немал знаење за идентитетот или околностите околу лицето споменато во извештаите“.

 

 

Се нуди награда

Лејдекерс, еден од водечките играчи во меѓународната трговија со кокаин, според листата на најбарани на Европската унија, е одговорен и за перење на десетици милиони евра и стотици килограми злато.

Холандското обвинителство објави дека Лајдекерс е во Сиера Леоне најмалку шест месеци и дека приоритет им е да го екстрадираат во Холандија за да ја издржи казната.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Екстремисти кои светот ги прифати како државници

Тие понудија награда од 200.000 евра за информација што ќе доведе до негово апсење.

Во понеделникот се појавија вести за апсењето на поранешниот белгиски фудбалски репрезентативец Раџа Наинголан како дел од истрагата за шверц на кокаин во Европа.

Кокаинот наводно бил прошверцуван преку пристаништето Антверпен, соопшти бриселското обвинителство, додавајќи дека во понеделникот во рамките на истрагата биле извршени 30 претреси на домови.

Обичај е да не се откриваат имињата на осомничените, туку само нивните иницијали.

Сепак, белгиските медиуми објавија дека се работи за Наинголан.

Неговиот адвокат за весникот „Ле Соар“ изјави дека е на пат кај својот клиент и дека во моментов нема конкретни информации за обвиненијата.