Холандија нуди 900 евра на Сиријците доброволно да се вратат во својата земја

Сподели со своите пријатели

Холандската влада им понуди на сириските граѓани 900 евра во готовина за доброволно враќање во својата земја, што е речиси двојно повеќе од максималниот износ од 500 евра во готовина што обично им се дава на барателите на азил за доброволно заминување, објавија холандските медиуми.

Loading...

За возврат, Сиријците мора да потпишат изјава за повлекување на барањето за азил или враќање на дозволата за привремен престој, пишува NL Times.

Враќање во Холандија после тоа не е можно, пишува холандскиот портал.

Сириските граѓани можат да ја искористат оваа понуда доколку сè уште го чекаат исходот од нивното барање за азил, имаат дозвола за привремен престој или живеат без документи во Холандија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку три лица загинаа во снежното невреме во САД

Холандија претходно најави дека планира да ги принуди барателите на азил од Сирија да се вратат дома, по примерот на Германија и Австрија, кои неодамна најавија дека ќе го преиспитаат статусот на барателите на азил од Сирија.

Оваа одлука беше донесена откако сирискиот претседател Башар ал Асад, со кого Холандија ги прекина дипломатските односи, беше соборен од власт на почетокот на декември 2024 година од бунтовничките сили предводени од исламистичката организација Хајат Тахрир ал Шам (ХТС).

Се проценува дека околу 150.000 Сиријци во моментов живеат во Холандија, според NL Times.