Авганистански затвореник во американски затвор е ослободен во замена за двајца американски државјани, соопштија денеска талибанските власти.
Авганистанскиот државјанин, Кан Мохамад, беше осуден на доживотен затвор и ја отслужуваше казната во Калифорнија, откако беше уапсен пред речиси две децении во источната авганистанска провинција Нангархар кога беше екстрадиран во САД, објави Ројтерс.
Кога станува збор за американски државјани, тие не се идентификувани, ниту пак е прецизирано колкумина се ослободени.
Забихула Муџахид, портпарол на талибанската администрација, потврди дека двајцата Американци се ослободени, но одби да ги идентификува.
Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс објавија дека Американците Рајан Корбет и Вилијам Мекенти утринава заминале дома во замена за членот на авганистанските талибанци Мохамад, кој беше осуден за наркотероризам во 2008 година.
Сепак, преостанатите двајца американски затвореници остануваат во Авганистан: Џорџ Глесман, поранешен механичар на авиокомпании и Махмуд Хабиби, натурализиран Американец.
Тие беа уапсени набргу откако американскиот напад во Авганистан го уби лидерот на Ал Каеда Ајман ал Завахри.
Размената на затвореници беше во преговори со години и беше финализирана во последните часови од мандатот на поранешниот демократски претседател Џозеф Бајден, пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата вчера.
„Њујорк тајмс“ објави дека Катар помогнал во преговорите за конечниот договор и обезбедил логистичка поддршка за размената.
Семејството Корбет ги пофали и администрациите на Трамп и Бајден за размената, но изразија жалење што Глезман и Хабиби не беа ослободени.