Лукашенко помилува над 20 лица осудени за екстремизам

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 23 лица кои беа осудени за екстремистички злосторства, соопшти прес-службата на белорускиот лидер.

Loading...

Во соопштението се наведува дека сите помилувани лица поднеле барања за помилување, ја признале вината и изразиле каење, пренесе ТАСС.

Меѓу помилуваните има три жени и 20 мажи, од кои 13 се постари од 50 години, 14 боледуваат од хронични заболувања, а 12 имаат деца.

Белоруското Министерство за внатрешни работи ќе биде одговорно за следење на однесувањето на помилуваните во согласност со законот, се вели во соопштението, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сирија се надева дека ќе се врати во Арапската лига