Италија испрати 50 тони хуманитарна помош во Газа

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето денеска соопшти дека неговата земја испратила нова пратка од 50 тони хуманитарна помош во Газа.

Loading...

Тој рече дека Италија на тој начин ги продолжува напорите да им помогне на палестинските цивили загрозени од војната меѓу Хамас и Израел, пренесе агенцијата Анса.

Според Крозет, бродот со хуманитарна помош собрана од сојуз на католички добротворни организации тргнал од северното италијанско пристаниште Монфалконе и е на пат за Кипар, а потоа пратката ќе биде испратена во Газа, пренесува Танјуг.

„Италија уште еднаш покажа дека стои со оние кои страдаат и ќе продолжи да прави се што може за да им даде надеж на луѓето кои, како оние во Газа, минуваат низ многу тешки времиња“, рече италијанскиот министер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: Увозот на хуманитарна помош во Газа треба да се зголеми на 600 камиони дневно