Нивото на јаглерод диоксид во атмосферата во 2024 година растело побрзо од било кога

Сподели со своите пријатели

Нивото на јаглерод диоксид (CO2) во нашата атмосфера се зголеми побрзо од кога било досега во изминатата година, предупредуваат научниците, сугерирајќи дека постигнувањето на клучните цели во глобалната борба против климатските промени сега е сè поневозможно, објавија денеска британските медиуми.

Loading...

Концентрацијата на CO2, гасот кој има најголемо влијание врз затоплувањето, сега е за повеќе од 50 отсто повисока отколку во периодот пред луѓето да почнат да користат големи количини на фосилни горива, јавува Би-Би-Си.

Забрзаното зголемување на количеството на овој гас во атмосферата е некомпатибилно со постигнувањето на целите на меѓународната заедница, која вети дека ќе го ограничи глобалното затоплување на праг од 1,5 степени целзиусови во споредба со прединдустрискиот просек, соопшти Метрополитот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на жители во Кина опаѓа трета година по ред

Оваа амбициозна цел беше договорена од речиси 200 земји на климатскиот состанок на ОН во Париз во 2015 година, но минатата година беше надминат прагот од 1,5 степени бидејќи 2024 година беше најтоплата година досега, пренесува Танјуг.

Ова не го уништува Парискиот договор, бидејќи неговите цели се однесуваат на долгорочните просечни температури, но би било неопходно забавување на концентрациите на CO2 за да се ограничи глобалното затоплување, заклучуваат научниците.