200 претреси во Украина за избегнување мобилизација

Сподели со своите пријатели

Украинската полиција денеска соопшти дека спроведува „повеќе од 200 претреси“ во обид да ја разбие мрежата што помага да се избегне воената мобилизација.

Loading...

„Полицијата почна да врши претреси во 19 региони на Украина во домовите на лица вклучени“ во избегнувањето на мобилизацијата, се вели во соопштението.

Украина, која три години се бори против руската инвазија, се бори да ги надополни редовите на армијата која трпи големи загуби.

Полицијата минатата недела објави дека ќе изврши повеќе од 600 претреси, што е првата фаза од „специјалната операција“ чија цел е да се разбијат мрежите што им помагаат на оние што се спротивставуваат на армијата да ја преминат границата илегално.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Аналена Бербок ја критикува владата за колебливост во обезбедувањето помош за Украина

На украинските мажи на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да ја напуштаат земјата, со некои исклучоци.

Оние кои сакаат да избегнат можна мобилизација затоа илегално ја минуваат границата.