Калифорнија прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради шумските пожари

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство и човечки услуги на САД (HHS) во петокот прогласи вонредна состојба за јавно здравје во Калифорнија за да се справи со здравствените влијанија од тековните шумски пожари во округот Лос Анџелес.

Loading...

Шумските пожари опустошија населби во Лос Анџелес од источната и западната страна, убивајќи десет луѓе и уништија речиси 10.000 објекти досега, а се очекува тие бројки да се зголемат, јавуваат агенциите.

Прогласувањето на вонредна состојба во јавното здравство им овозможува на давателите на здравствени услуги и добавувачите поголема флексибилност во задоволувањето на итните здравствени потреби на луѓето запишани во Центрите за Медикер и плановите за осигурување на Медикејд услуги, соопшти Одделот за здравство и човечко услуги.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп веќе подготвил над 100 извршни наредби за неговиот прв ден во Белата куќа

HHS вели дека Администрацијата за стратешка подготвеност и одговор (SPRA) е подготвена да распореди апарати за итни случаи, заедно со медицинска опрема и материјали, доколку тоа го побара државата.

Во средата, претседателот Џозеф Бајден ги прогласи пожарите за голема катастрофа и рече дека американската влада ќе ги покрие сите трошоци за закрепнување во текот на следните шест месеци, а во петокот го повтори своето ветување дека ќе и обезбеди на Калифорнија ресурсите потребни за борба против пожарите и обновата.