„Американскиот претседател Џо Бајден остава зад себе „валкани траги“ пред неговото заминување од функцијата“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Некои оставаат трага во историјата, а други успеваат да остават само нечистотија“, коментира Захарова за руските медиуми.
Како што соопшти американското Министерство за финансии, Вашингтон воведе санкции против 13 Руси, меѓу кои и шефови на големи нафтени компании и вработени во руското Министерство за енергетика.
Погодени се и повеќе од 30 нафтени компании со седиште во Русија.
Санкциите го погодија и Гаспромњефт: на црната листа се директорот на компанијата, Александар Дјуков, голем број клучни компании за производство на нафта, како и рафинерии во Москва и Омск, пишува Спутник.
На списокот се наоѓа и компанијата „Гаспромнефт Марин Бункер“ и 10 бродови поврзани со неа.
Санкции се воведени и против подружниците на Газпром во странство: руско-српската компанија НИС и подружници во Таџикистан, Луксембург, Казахстан и две во Киргистан, пишува Срна.
Покрај тоа, висок претставник на американската администрација, говорејќи на посебен брифинг со новинарите, објави дека САД ги прошируваат визните санкции против Венецуела и воведуваат рестрикции против директорите на ПДВСА.