Премиерно изведена претставата „Дедо Мраз во веселата шума“

Сподели со своите пријатели

Театар Куманово во малата сала на Центар за култура вчеравечер премиерно ја одигра претставата за деца „Дедо Мраз во веселата шума“.

Loading...

Претставата е напревена целосно од сопствени финансиски средства и екипа од вработени во театарот.

Претставата е во режијата на актерката Кети Дончевска Илиќ, драматизација на Зоран Зафировски, а играат Владанка Крстевски, Нина Максимова, Марко Трајковиќ и Никица Јанковски.

 

 

Сите до сега закажани репризи се до крајот на годината се распродадени, што само го покажува големиот интерес од страна на публиката.

– Доколку се бара некој изведба повеќе, екипата ќе излезе во пресрет на заинтересираните, додаваат од Театар Куманово.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Кумново: Дожд, снег, силен ветер и заладување

Сценографијата е на Крсто Богојевски. Костимите се на Дарко Илиевски и Нина Максимова.