Nissan и Honda се обединуваат во една компанија за да ја преживеат електричната револуција

Сподели со своите пријатели

Јапонските автомобилски компании Honda и Nissan планираат историско спојување со цел да ја преживеат тектонската промена на пазарот што вклучува префрлување на електрични автомобили ширум светот.

Loading...

Спојувањето на овие два големи производители би создало компанија чија вредност би надминала 41 милијарда фунти, што би ја ставило пазарната вредност на бизнисот пред најголемиот ривал Toyota, како и „Ford“ и „Stelantis“.

Двете компании размислуваат за водење бизнис во рамките на холдинг компанија и се очекува да потпишат меморандум за разбирање за новата компанија, пишува токискиот весник „Nikei“.

Весникот наведува и дека „Хонда“ и „Нисан“ размислуваат за вклучување на „Мицубиши моторс“, чијшто „Нисан“ е најголем акционер, во овој проект.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната побарувачка за јаглен е поголема од кога било

Таму би била создадена една од најголемите светски автогрупи.