ЕК го истражува ТикТок за руско мешање во романските избори

Сподели со своите пријатели

Европската комисија (ЕК) во вторникот започна истрага против ТикТок поради сомневање за руско мешање во поништените претседателски избори во Романија.

Loading...

Истрагата се покренува поради „сериозни индиции за вмешаност на странски фактор“ во изборите преку Тик Ток, најави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Во Европската унија, „мора да биде кристално јасно“ дека секоја интернет платформа, вклучително и ТикТок, мора да биде одговорна за своите постапки, додаде таа.

Во првиот круг од претседателските избори на 24 ноември, изненадувачки победи релативно непознатиот кандидат на екстремната десница Калин Георгеску.

Ова доведе до обвинувања за руско мешање, по што Уставниот суд ги поништи изборите и донесе одлука дека целиот процес мора да се повтори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Столтенберг прифати да биде нов министер за финансии во норвешката влада

Новата влада во земјата членка на ЕУ и НАТО ќе треба да одреди нов датум за претседателските избори, најверојатно во првата половина на 2025 година.