Холандија: Европските лидери треба да започнат преговори за Украина пред Трамп

Сподели со своите пријатели

Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека сака Европа да започне мировни преговори за Украина пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и дека повеќе не исклучува преговори со Русија.

Loading...

Брекелманс во интервју за холандскиот весник „Троув“ рече дека верува оти европските лидери треба да преземат иницијатива за мировни преговори за Украина пред Трамп поради итноста за решавање на проблемот.

„Мораме да се погрижиме европските земји да бидат на маса за Трамп да не одлучува со Путин за безбедносната архитектура во Европа“, рече Брекелманс.

Тоа е првпат Брекелманс отворено да ја споменува опцијата за мировни преговори, а досега ставот на холандската влада беше дека преговорите треба да се водат само кога Украина ќе биде подготвена, објави „NL Times“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ООН: Руската војска се повеќе убива заробени украински војници, но и обратно

Брекелманс посочи дека ќе биде тешко да се постигне консензус во ЕУ за одлуките за можните мировни сили и дека, поради итноста, може да се одлучи дека не е потребна едногласност за донесување одлуки.

Тој ја спомена можноста за одлука за преговори за Украина да биде донесена од група европски земји.

Брекелманс истакна дека се уште целосно ја поддржува политиката Холандија да не се бори во Украина, истакнувајќи дека учеството во мировна мисија е нешто друго бидејќи се работи за одржување на мирот.

Францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот премиер Доналд Туск во четвртокот во Варшава разговараа за мировниот процес за Украина.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од автомобили до авокадо. Ова се работите на кои Трамп би можел да воведе царини

Трамп ќе биде инаугуриран за претседател на САД на 20 јануари и постојано изјави дека сака брзо да ја прекине војната во Украина.