Два силни земјотреси среде ноќ го потресоа Косово

Сподели со своите пријатели

Два земјотреси се регистрирани на подрачјето на Косово во ноќните часови во четвртокот.

Loading...

Првиот е регистриран во 01 часот и 46 минути со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на тој земјотрес бил на 16 километри од Призрен во јужниот дел на Косово.

Два часа подоцна, поточно во 3:39, следеше нов потрес. Магнитудата била 3,2 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил речиси на истото место, на 19 километри од градот Призрен.

И двата земјотреси се почувствувани во радиус од околу сто километри.