Бајден сака посилни санкции против руската трговија со нафта пред Трамп да дојде во Белата куќа

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на Бајден размислува за нови, построги санкции против профитабилната руска трговија со нафта за да го зголеми притисокот врз Кремљ само неколку недели пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.

Loading...

Деталите за можните нови мерки се уште се разработуваат, но тимот на американскиот претседател Џозеф Бајден размислува за ограничувања кои би можеле да бидат насочени кон извозот на руска нафта, пишува Блумберг, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Според извештаите, Бајден долго време се спротивставува на новите санкции поради страв дека тие ќе доведат до зголемување на светската цена на енергијата, особено пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави, но сега неговата администрација е отворена за поагресивни потези.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рјабков: Русија го транспортираше Асад на најбезбеден начин

Цените на нафтата паѓаат поради глобалната презаситеност, а сегашната администрација во Вашингтон се плаши дека Трамп ќе ја принуди Украина брзо да ја заврши војната со Русија и да го принуди Киев на значителни отстапки, пренесува Танјуг.

Вашингтон би можел да воведе ограничувања слични на оние за иранската нафта, кои исто така ќе бидат насочени кон купувачите на руска нафта. Тоа би бил многу ризичен потег бидејќи некои многу моќни земји, вклучувајќи ги Кина и Индија, се главни потрошувачи на нафта од Русија.

Дополнително, гореспоменатите ограничувања на руската нафта би можеле да доведат до зголемување на глобалната цена на оваа енергија, додава њујоршката агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракетен напад врз Русија: Повеќе експлозии го потресоа Ростов (ВИДЕО)