Бунтовниците прават список на функционери на Асад кои се осомничени за воени злосторства

Сподели со своите пријатели

Сириската исламистичка бунтовничка организација Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која го зазеде Дамаск, објави дека подготвува список на функционери од владата на соборениот претседател Башар ал Асад кои се одговорни за тортурата за време на неговото владеење.

Loading...

Тие, исто така, ќе понудат награди за информации за офицерите на сириската армија вклучени во воени злосторства, јавува Би-Би-Си.

Водачот на ХТС, Абу Мохамед ал-Џулани, рече дека ќе ги објави имињата на одговорните за тортурата и ќе побара репатријација за оние кои побегнале во други земји, според британскиот јавен сервис.

Тој додаде дека ќе бидат обезбедени награди за информации за високи воени и безбедносни офицери вклучени во „воени злосторства“.

Додека продолжуваат истрагите во притворните центри на Асад, бунтовниците синоќа известија дека пронашле речиси 40 тела во болничка мртовечница на кои имало знаци на тортура, јави Би-Би-Си.